МВР И ДЕНЕСКА СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: ФАТЕНИ КРИУМЧАРИ, ЛОПОВИ, ДИЛЕРИ, ЛИЦА БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА, ЗАПЛЕНЕТИ ИЛЕГАЛНО ОРУЖЈЕ, ДРОГА…

Пронајден пиштол, приведено лице од кумановско

На 17.02.2022 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.И. (34) од село Опае, општина Липково, затоа што кај него бил пронајден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,62 мм со една празна рамка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведен тетовец за издржување на затворска казна

На 18.02.2022 околу 09.20 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот тетовец А.С.. За него била издадена судска наредба, со која се барал за издржување на затворска казна. Тој бил приведен во полициска станица, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово.

Приведени двајца криумчари на мигранти, поднесена кривична пријава

Регионалниот центар за гранични работи Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против А.Р.(23) и А.Б.(28), двајцата од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик. Пријавените, на 16.02.2022 во 20.50 часот на автопат Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, движејќи се со патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал првопријавениот, не застанале на знак за запирање од полициски службеници. Набргу потоа, возилото го оставиле на автопатот и се дале во бегство. Во возилото биле пронајдени девет лица – мигранти (7 од Индија и по едно лице од Авганистан и од Пакистан), а исто така, по преземени мерки и активности биле пронајдени и пријавените кои биле приведени во полициска станица.

Приведен гостиварец за издржување затворска казна

Ноќеска (18.02.2022), околу 00.10 часот, на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода Ј.А.(21) од Гостивар. За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна. Ј.А. е приведен во полициска станица, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово.

Приведени тројца крадци од Куманово, украденото вратено на сопствениците

На 17.02.2022, во периодот од 10.00 до 12.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Љ.Ѓ.(19), К.С.(19) и С.С.(18), сите од Куманово. Тие се сомничат дека на 09.11.2021 одзеле предмети од три патнички моторни возила на различни локации од Куманово. Тројцата биле приведени во полициска станица, а украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.

tải sunwin

sunwin game sunwin sunwin.apk mới nhất

sun win

game bài sunwin sunwin tài xỉu sunwin club

sun win