Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против И.М. од Тетово, вработен во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.
Како што информира МВР, на 24.08.2022 во Тетово, при вршење увид и лишување од слобода на едно лице, пријавениот од роднина на лицето примил поткуп од 400 евра за наводно да му помогнел за неодредување на мерка притвор.
Против полицискиот службеник е поднесена и иницијатива за покренување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното местото до завршување на дисциплинската постапка, соопштија од полицијата.