МВР НЕ СЕ ШЕГУВА: ВЧЕРА БЕА КАЗНЕТИ ДУРИ 250 ВОЗАЧИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ И ДРУГИ ПРЕКРШОЦИ!

142 санкции за брзо возење на автопат Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско-Прилеп

Во текот на вчерашниот ден (02.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско-Прилеп за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 142 возила. Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила за движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

107 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет, осум санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 21 прекршок што го чинат пешаците, пет за управување под дејство на алкохол, три за некористење сигурносен појас и 35 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Link with us
Game bài đổi thưởng