МВР НЕ ЗАПИРА СО ЖЕСТОКОТО ТЕМПО И ДЕНЕСКА МНОГУ ИНТЕРВЕНЦИИ, МНОГУ УАПСЕНИ ДИЛЕРИ, ЛОПОВИ, ИЗМАМНИЦИ, ИЗБЕГАНИ СО ПОТЕРНИЦА…

Приведени двајца тетовци за издржување на затворски казни

На 10.02.2022 полициски службеници на СВР Tетово околу 11.45 часот на улица „146“ во Тетово го лишиле од слобода Н.А.(27), а околу 17.15 часот на улица „180“ во Тетово го лишиле од слобода В.С.(33), двајцата од Тетово. За двете лица биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на затворска казна.

И двајцата се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.

Приведени дилери на дрога во Битола

На 10.02.2022 во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Џ.(20)од Ресен и М.А.(35) од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во Полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Приведено лице во Кавадарци, осудено на 7 години затвор

Денеска (11.02.2022) полициски службеници од СВР Велес – Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода Ш.Ј.(21). За него била распишана потерница со која се барал за издржување на казна затвор од траење од 7 години и 1 месец.

Ш.Ј. бил приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

Приведено лице од скопско по распишана потерница

На 10.02.2022 во 18.45 од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на подрачјето на с.Трубарево е лишен од слобода К.М.(27) од скопско. За него била распишана потерница со која се барал за издржување на затворска казна. Лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

tải sunwin

game bài sunwin sunwin sunwin.apk mới nhất

sunwin.apk mới nhất

sunwin tài xỉu game sunwin sunwin apk

sunwin club