Притвор за криминалец од кичевско поради предизвикување општа опасност
На 03.09.2022 полициски службеници од ОВР Кичево и Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал го лишија од слобода А.А. (59) од с. Туин, кичевско поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност“, предвидено со чл.288 од КЗ. Имено, А.А. на 04.12.2021 подметнал пожар во викенд куќа во с.Кнежино, кичевско, сопственост С.К. Поднесена е кривична пријава до ОЈО Кичево и од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор.
Пронајден кокаин во тетовско, приведени четворица
Вчеравечер (3 септември) околу 20 часот и 50 минути, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Џ.(29) и М.Б.(20) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило “фолксфаген туран” со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена бела прашкаста материја- кокаин.
Во истото време во Горно Седларце лишени од слобода се и А.М.(41) од ова село и А.М.(29) од тетовско Боговиње.При нивен и преглед на нивното возило”бмв” со тетовски ознаки, исто така, им била пронајдена бела прашкаста материја.Четирите лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
Приведен криумчар на мигранти
На 04.09.2022 околу 01.00 часот на автопат „Пријателство“ во правец Демир Капија – Неготино, во близина на клучка Неготино полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Михајлово по преземени мерки и активности го лишиле од слобода М.И.(41) од с. Дебреше, гостиварско, кој управувал патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, а во кое превезувал осум лица илегални мигранти (7 од Авганистан и 1 од Пакистан). За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.