МВР: Приведено лице во Скопје, кај него пронајдени пиштол и муниција

На 29.07.2022 во 10.30 часот во трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода М.Е.(26). Кај него биле пронајдени пиштол непозната марка 6.25мм и рамка со 4 куршуми.

Притоа, М.Е. немал дозвола за поседување огнено оружје, со што се сомничи дека сторил кривично дело предвидено и казниво по член 395 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Link with us
Game bài đổi thưởng