МВР ПРОДОЛЖУВА СО ЖЕСТОКО ТЕМПО: И ДЕНЕСКА ПРИВЕДЕНИ ДИЛЕРИ, КРАДЦИ, КРИУМЧАРИ, ЛИЦА ОСУДЕНИ НА ЗАТВОРСКИ КАЗНИ, ЛИЦА БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА

Претрес во демирхисарско, пронајдена пушка

На 18.02.2022, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на И.Т.(35) во с.Вардино, општина Демир Хисар. При претресот била пронајдена и одземена ловечка пушка „црвена застава“ калибар 16 мм, која ја поседувал без дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Приведен криминалец од Гостивар баран со потерница

Денеска (19.02.2022) во 11.00 часот на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Е.И.(32) од Гостивар за издржување затворска казна од една година. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа за издржување на казната.

Приведен дилер од Пробиштип

На 18.02.2022 во 15.20 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Т.А.(22) од Пробиштип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, капсули, таблети и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведени лица од Неготино и гевгелиско барани со потерници

На 18.02.2022 во 13.20 часот во Неготино, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Неготино го привеле З.Ш.(46) од Неготино за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната. На 18.02.2022 во 14.10 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го привеле Д.П.(33) од с.Стојаково, општина Богданци, за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.

Единицата за интервентна полиција приведе крадец баран со потерница за четири дела

На 18.02.2022 во 00.15 часот на ул.„Втора Македонска бригада“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.А.(38) од Скопје. Тој бил баран со потерница поради сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“, од кои за две веќе му биле поднесени кривични пријави.

Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата за кои му биле поднесени кривични пријави. Исто така, Ш.А. признал кражба во деловен објект на 10/11.03.2020, а документирана е и кражба на 16.02.2022 во фирма на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, за што исто така ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Приведени двајца кумановци барани со потерници

На 18.02.2022 во 22.00 и во 23.30 часот во Куманово, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.К.(28) и З.А.(63), двајцата од Куманово, за издржување затворски казни. Тие биле спроведени во казнено-поправната установа Затвор Кшање за издржување на затворските казни.

Фатен крадец на дело во Скопје, одземените предмети вратени на сопственикот

На 18.02.2022 во 17.00 часот во трговски центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош го лишиле од слобода Т.Б.(41) од Скопје. Тој бил фатен при извршување кражба во продажен објект во трговскиот центар.
Одземените предмети биле пронајдени, а тој бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведено лице барано за издржување казна затвор во Битола

Денеска( 19.02) во Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола, лишен од слобода е К.С.(39)од Битола. Тој е спроведен во затвор Битола за издржување казна затвор од една година за извршени тешки кражби.

Приведен крадец во Тетово, пронајдени одземените пари

Денеска (19.02.2022) во 01.00 часот во мотел во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.В.(27) од Тетово. Тој се сомничи дека на 18.02.2022 околу 21.00 часот со употреба на сила кон вработената одзел пари од спортска обложувалница на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово.
При преглед кај него биле пронајдени парите и еден нож, а во полициска станица со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.