МВР ПУШТЕНО НА НАЈЈАКО: СЕ АПСАТ КРАДЦИ, ШВЕРЦЕРИ, ДИЛЕРИ, ЛОВОКРАДЦИ, ИЗМАМНИЦИ, БЕГАЛЦИ ОСУДЕНИ НА ЗАТВОР, БУКВАЛНО СЕ ФАЌААТ ЛОПОВИ НА СРЕД КРАЖБА, СЕ ФАЌААТ ПИЈАНИ ВОЗАЧИ, ВОЗАЧИ КОИ ВОЗАТ КАКО ЛУДАЦИ

На 13.01.2022 во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба се приведени Џ.Д.(20) и Е.Д.(22), двајцата од Скопје, со што е расчистено кривично дело „кражба“, извршено на 28.12.2021 во 01.20 часот во казино на подрачјето на Гази Баба. Притоа, било утврдено дека кривичното дело го извршила Џ.Д., додека Е.Д. ѝ помогнал во извршувањето. Одземеното е пронајдено кај приведените и вратено на сопственикот. Во координација со Јавен обвинител по комплетно документирање на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 13.01.2022 во 20.20 часот од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север биле лишени од слобода М.А.(33) и Е.А.(45), двајцата од с.Танушевци, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл.278 од Кривичниот законик. Имено, на локалниот пат од с.Бродец кон с.Танушевци кај м.в. Чешма кон Рамно околу 20.00 часот, при контрола на товарно возило „дајмлер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., била пронајдена поголема количина разновидна роба за широка потрошувачка, без соодветна документација за нејзиното потекло. При преземање на службените дејства полициските службеници биле попречувани од Е.А.. Во врска со случајот на 14.01.2022 околу 00.00 часот од полициски службеници во реонот на Визбегово било забележано товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.А. од Скопје, брат на Е.А., кое не сопрело на даден знак за запирање, туку ја зголемило брзината и се упатило кон магацински простор. По обезбедена наредба од Судија за претходна постапка, извршен бил преглед над возилото, при што било констатирано дека во него има поголема количина на производи без декларација. Во координација со Јавен обвинител, лицата биле приведени во полициска станица, а возилата се обезбедени за понатамошна постапка и по комплетно документирање на материјалот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Денеска (14.01.2022) во 05.20 часот со заедничка акција на полициски службеници од полицискиот пункт од оперативната акција „Рефлекс“, мото патрола од Полициското одделение Петровец и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на с.Катланово се лишени од слобода М.М.(22) и К.Р.(25), двајцата од Скопје. Тие, дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат с.Ржаничино – с.Катланово со закана со нож од вработените одзеле чанта со дневен промет. Кај лицата се пронајдени одземените парични средства и ножот кој е користен при извршување на кривичното дело. Тие се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 20 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум за непрописно престројување, шест за некористење сигурносен појас, 64 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На 13.01.2022 полициски службеници го лишиле од слобода Ј.П.58) од Кочани, бидејќи во место викано „Потоците“, атар на Оризари, кочанско, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „цифсан ЦСП 555“ калибар 12 ГА. Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34 броја калибар 12 ГА. По целосно документирање на случајот против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашната вечер (13./14.01.2022) во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 83 возачи. Од нив 38 на територија на СВР Охрид, 26 на територија на СВР Тетово, 22 на територија на СВР Скопје…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

На 13.01.2022 во 13.20 часот било пријавено дека на потегот помеѓу Струга и с.Калишта настанал пожар покрај брегот на Охридското Езеро, при што била опожарена трска со површина од околу 10.000 м2, сопственост на Република Северна Македонија. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против З.М.(58) од с.Могорче, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2020 година пријавениот, со намера да се стекне со противправна имотна корист од А.А. од Струга, го довел и држел во заблуда дека за сума од 72.000 денари ќе му обезбедел оригинална хрватска возачка дозвола.

На 13.01.2022 во 15.20 часот на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ф.К.(71) и Н.К.С.(67), двете од Скопје, на која претходела вербална расправија околу имотно-правни недоразбирања. Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 13.01.2022 во 10.30 часот А.Р.(68) од с.Шишево пријавил дека во с.Кондово, додека управувал приватен автобус, најпрво вербално, а потоа и физички бил нападнат од Б.А.(50) од с.Кондово, кој бил патник во автобусот. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 ст.1 од ЗППЈРМ.

На 13.01.2022 година во 15.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во стан во Охрид пронајдена е почината М.М.Ш.(42) од Охрид. Од извршениот увид, во координација со Јавен обвинител, а во присуство на медицински и полициски екипи, како и по извршената обдукција била констатирана смрт без траги на насилство.

На 13.01.2022 во 12.30 часот П.Д.(18) од Скопје пријавил дека на 11.01.2022 околу 20.15 часот на подрачјето на Карпош, во близина на бензинска пумпа, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.01.2022 во 00.05 часот Б.С.(46) од Скопје пријавил дека на 13.01.2022 околу 23.55 часот на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар на неговото патничко возило „киа“, со скопски регистарски ознаки. Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

sun win

sunwin

sunwin apk sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu

tải sunwin

sun win