МВР со детали: Автобус од Албанија излета од патот Битола-Прилеп, возачот тешко повреден, меѓу повредените и малолетник

Возач на автобус и тројца патници се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа која се случила на патот Битола-Прилеп.

„На 26.06.2021 околу 06.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај село Алинци, автобус со албанска национална ознака излетал од патот. Во незгодата возачот на автобусот Л.М.(48) од Република Албанија се здобил со тешки телесни повреди, додека тројца патници М.Х.(46), Г.М.(37) и 14-годишник, сите од Албанија, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола“, информира МВР.

Link with us
Game bài đổi thưởng