НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 75 ГОДИНИ Е ФОРМИРАН СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА❗

?На 21 август одбележуваме значаен јубилеј, 75 години од основањето на Сојузот на синдикатите на Македонија.

?Првиот Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија со тогашен назив Единствени синдикати на работниците и намештниците на Македонија започнал на 18 и траел до 21 август 1946 година во градскиот парк во Скопје, Македонија, во време кога работничката класа водела успешна борба за обнова.

?Така започнува нашата успешна приказна која во периодот од првиот Конгрес на ССМ па наваму има големо значење за работничката класа, а ССМ како класна работничка организација ја опфаќа скоро целата работничка класа во Македонија.

▶️За прв претседател е избран Аспарух Корубиноски, а од основањето, Сојузот на синдикатите на Македонија имал 19 Претседатели.

▶️Последниот 20 Конгрес на ССМ, се одржа на 03.07.2020 година и на истиот за Претседател беше избран Дарко Димовски.

?Со гордост денес, ССМ е најзначаен дел од синдикалната историја, а активноста на ССМ континуирано продолжува да биде обележје на синдикализмот во државата.

?ССМ функционира како најстар, репрезентативен синдикат и социјален партнер во државата и приоритетно се залага за активности и мерки кои ќе придонесат за заживување и развој на економијата како база за целокупен напредок на општеството, а приоритет се правата, интересите и потребите на работниците.❗

?ССМ е лидер на синдикалното движење во Македонија, како најстариот и најброен синдикат во државата. Оваа лидерска позиција ССМ успева со напорна работа, пред се на терен со членството, да ја задржи сите овие 75 години од формирањето.

?Да се биде прв во услови на синдикален плурализам во државата, не е лесно, тоа бара постојано реорганизирање, стручно, техничко и технолошко прилагодување на современите потреби и барања на членството и работниците.

?Нашата стручност и оспособеност, грижата за кадровската екипираност, храброста на сите синдикални лидери кои се во првите редови на делување на ССМ, нашиот отворен пристап кон социјалните партнери, нашата бескомпромисност кога станува збор за работничките права, не прави она што сме – единствен репрезентативен синдикат и респектиран национален социјален партнер во државата.

Link with us
Game bài đổi thưởng