НА КРАЈ СЕ ШТО КАЖАА ВМРОВЦИТЕ ЗА НИКИ ИСПАДНА ТОЧНО – СЕГА ФАЛИ УШТЕ ДИМИТРОВ ДА НИ КАЖЕ ДЕКА БИЛ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР АМА БИЛ УЦЕНЕТ ОД КЛЕТИТЕ ПРЕДАВНИЧКИ КОМУЊАРСКИ СИЛИ КОИ ГО КИДНАПИРАЛЕ И ГО НАПРАВИЛЕ МИНИСТЕР

Пишува Саше Ивановски Политико

Навистина се што рекоа ВМРОВЦИТЕ за нашиот Ники на крај испадна точно.

Го нарекуваа лигав нечесен кариерист без рбет.

Го нарекуваа бесрамен улизувач кој знае перфектно да се додвори на моќниците за да добие функција.

Велеа дека човекот не знае што значи благодарност и лојалност. Велеа дека е алчен и болен кариерист.

Овој денешен Димитров никогаш не би можел да го направи договорот од Нивице. Тој тогашен Димитров и овој денешниот немаат ништо заедничко.

Се чини дека се работи за подвоена личност, врз основа на тоа дали е дел од владата или не.

Ме потсетува на еден поранешен новинар а сега мафијашки загар кој беше најголем поборник за промена на името со години а сега е најголем ВМРОН само затоа што не доби од Заев место во владата поточно затоа што не стана советник за медиуми или директор на МИА или МТВ или некоја друга моќна функција.

Неверојатно е колку има камелеони во нашето општество, пред неколку години и јас бев еден од ОЧАРАНИТЕ од шармот на Димитров и неговата храброст и либерален поглед на светот, за сега да увидам дека сето тоа било глума.

Тој е само одличен филмски глумец, точно знае што се бара од него во одредена ситуација и совршено го дава перформансот. Како што беше дел од тимот кој го бранеше името во Хаг и го гушкаше Јохан Тарчуловски кога излегуваше од затвор, за потоа да биде клучен за промена на името за сега да биде најголем патриот кој ја брани држабвата од клетиот Османи?!?!

Брука, срам но Ники е дел од тие што не знаат што е тоа срам и дури им се смеат на будалите кои се замараат со тие поими на своја штета.

sunwin tài xỉu tải sunwin apk sunwin apk

sunwin

tải sunwin sunwin club tải sunwin

sun win

game bài sunwin tải sunwin tải sunwin apk