На мое задоволство, денеска имав телефонски разговор со Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен

Во името на сите наши граѓани ѝ се заблагодарив за поддршката што ЕК ја дава на Северна Македонија.

Претседателката фон дер Лајен го поздрави дијалогот што го воспоставивме со премиерот Петков. Таа истакна дека Брисел силно го поддржува овој процес и заедно со целата Комисија се спремни да помогнат со цел што побрзо оддржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

Воедно, од моја страна уште еднаш ги пренесов и потврдив македонските позиции.

Европските интеграции остануваат еден од приоритетите на новата Влада.