НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ СЕ ПОЈАВИ ОТКУПНО ЛИВЧЕ СО 2 ДЕНАРИ ЗА КИЛО ГРОЗЈЕ, МИТКО ЈАНЧЕВ ОБЈАСНУВА ЗА ШТО СЕ РАБОТИ

Побаравме изјава од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за ова ливче кое е хит на социјалните мрежи, тој за Мактел вели:

– Точно е дека цената е 2 денари за грозје за дестилат, но се работи за многу низок квалитет на грозје поради дождливата година, голем квантитет а многу низок квалитет, па затоа цената е ниска. Но државата тука помага со вкупно 8 денари по кило, 4 денари нормална субвенција и плус 4 денари КОВИД субвенција, па пак цената е 10 денари за кило што не е лошо ако се знае дека лозарите имаат голема количина на грозје за продавање па во целина пак ќе земат пари кои се приближно исти како лани.