На територија на СВР Битола 45 санкции за брзо возење, а 17 за пијани возачи
Вчера (10.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 45 возачи. Од нив 33 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Исто така, во текот на изминатата вечер (10/11.09.2022), во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.При контролата констатирани и законски санкционирани се 17 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
175 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 15 мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се девет мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
12 санкции за возење под дејство на алкохол во Тетово
Полициски службеници на СВР Тетово на 10/11.09.2022, од 22.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.При контролата, откриени и законски санкционирани се 12 возачи-прекршители (ТЕ-7 и ГВ-5), од кои кај 1 (ТЕ) утврдено е присуство на алкохол во крвта до 2 промили, додека 1 (ТЕ) одбил да се алкотестира.
Сите прекршители исклучени се од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се законски предвидените поднесоци. Со адекватни поднесоци санкционирани се и 16 други видови прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-6).