НА ВЕНКО КОНЕЧНО МУ ТРГНА СО ВАКЦИНИТЕ – Денеска пристигнуваат 40.000 вакцини од „АстраЗенека“, додека утре 100.000 на „Синофарм“

Министерот за здравство Венко Филипче на денешата прес-конференција информираше кога и кои вакцини земјава ќе ги добие наскоро, како и дека процесот на имунизација се одвива добро на териотријата на целата земја и во пунктовите за масовна имунизација и во здравствените домови. Околу 150.000 граѓани се веќе вакцинирани, а од нив преку 30.000 и со втората доза.

– Денеска се очекува да пристигнат близу 40.000 дози од „АстраЗенека“ преку КОВАКС системот, а во текот на утрешниот ден 100.000 вакцини од „Синофарм“ кои се донација од кинеската армија. Тие веднаш ќе бидат распределени по веќе постоечките системи и канали за имунизација. Продолжуваме да ставаме акцент на вакцинација на постарите граѓани, а кои се дополнително пријавени по пресекот на 30 април и со тоа се очекува околу 42 проценти од вкупното население над 70 години да биде вакцинирано, што е добар процент – вели Филипче.

Link with us
Game bài đổi thưởng