Над 50 жители на Брвеница затруени – се сомневаат во водата, две села без вода за пиење ги чекаат резултатите

За 48 часа во само една клиника во општина Брвеница се пријавиле над 50 пациенти кои се пожалиле на болки во стомакот, повраќање, главоболка и дијареја. Ова го потврди за ТВ21 лекарката Лилјана Смилевска, а самата таа и нејзините деца исто така биле затруени. Постои сомнеж дека станува збор за бактерии во водата. Жителите кои се пожалиле, дел од нив се од Брвеница и Долно Селце.

Од комуналното претпријатие Вардар кое менаџира со водата во оваа општина, велат дека во текот на викендот смениле пумпа која ја снабдува оваа населба со вода која во понеделникот била пуштена во употреба. Според директорот Мирослав Андриевски тие го поканиле и Институтот за Јавно здравје и ги чекаат резултатите.

Општина Брвеница е единствена општина која со вода за пиење се снабдува од бунари бидејќи нема изворска вода. Дефектите со пумпите ги оставија жителите без вода додека излезат резултатите за да се утврди дали труењето е резултат на водата или некој друг вирус.

Link with us
Game bài đổi thưởng