Над илјада повици на бројот 112 – Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов утрово го посети Секторот 112

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов утрово го посети Секторот 112 во рамки на ЦУК и од дежурниот сменоводител и примателите на итни повици бил запознат со тековната работа, како и со почетните проблеми со кои што се соочува новиот Сектор 112.

ЦУК информира дека во петокот, кога бројот за итни повици 112 беше пуштен во употреба, имало околу 600 повици, вчера околу 430, а во текот на ноќва до 8 часот биле примени 76 повици.