Најчевска: ВМРО почнуваат да личат на Апасиев – седат така и смислуваат која нова глупост да ја направат

Професорката Мирјана Најчевска, која е по професија правник, гио коментира најновите дилеми на опозицијата, која размилсува дали да ги гласа воведените вонредни состојби на Пендаровски од пролетта оваа година.

Таа појаснува дека нема ни потреба нешто што поминало да се гласа, а објаснува и зошто:

„Почнуваат да личат на Апасиев. Седат така и смислуваат која нова глупост да ја направат. На крај ќе почнат сами себе да си се упукуваат само да привлечат внимание.

Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена.

Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане. Што значи ова?

1. Дека ако во моментов се уште постои вонредна состојба која ја донесол претседателот на државата, а имаме Собрание кое функционира, таа одлука треба да се даде на потврда.
НЕ ОДЛУКИ КОИ ВЕЌЕ НЕ ПОСТОЈАТ!

Значи, се потврдува одлука која е во важност во актуелниот момент. Не се потврдува одлука која веќе не е активна.
Што ќе гласаат пратениците? Што ќе утврдуваат? Вонредна состојба која била во март? Или ќе утврдат вонредна состојба сега?

2. Може да се цени дали одлуките се донесени спротивно на Уставот и на законите и тоа го прави Уставниот суд. Или доколку направил кривично дело, се поведува постапка со која може кривично да се гони. Јас не гледам основа ниту за едното ниту за другото.

sunwin

sun win

tải sunwin

tải sunwin

sun win