НАЈДЕ КОЈ ДА ЗБОРИ, НАЈГОЛЕМАТА ВРТИ КАПА ВО МАК ПОЛИТИКАТА – Бишевац: Заев не е човек на кого можете да му верувате!

Поранешниот пратеник и некогашен новинар, Сафет Бишевац во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24 упати остри критики кон владејачката СДСМ.

Тој не штедеше зборови на сметка на Зоран Заев, додавајќи нема никаква разлика со неговиот претходник, Никола Груевски.

„Зоран Заев не е човек на кого можете да верувате. Не исполни ниту едно од барањата. Се фалат дека ја зголемиле минималната плата, а со тоа зголемување, ние сме земја каде само Косово е под нас. Живее со лаги и се претвора во обичен извршител на политики на некои повлијателни земји. Нема никаква разлика меѓу Груевски и Заев“, истакна Бишевац.

Инаку Бишевац е икона на А1 телевизија која беше затворена токму од ВМРО ДПМНЕ за кое тој сега одработува. Беше и пратеник на СДСМ и во парламентот се прослави со критиките кон ВМРО ДПМНЕ за сега кога пак не го ставија пратеник смени страна без око да му трепне и сега работи за оние против кои се бореше 10 години како дел од А1. Човекот поради кој во земјава за политиката велат дека е најстариот занает на светот…

Link with us
  • go88 mới nhất tải go88 go88 thiên đường cờ bạc
  • cổng game sunwin sun win
  • cai dat sunwin sunwin sun win88
Game bài đổi thưởng