НАЈДЕ КОЈ ДА ЗБОРИ ЗА ОМРАЗА – Протест на ВМРО-БНД во Софија: Гаранции за правата на македонските Бугари, признавање на заедничката историја до 1944 и крај на јазикот на омраза

ВМРО – Бугарско Национално Движење организира мирен протест пред зградата на Претседателството на Република Бугарија во Софија, додека се одржува состанок на советодавниот Совет за национална безбедност што го свика претседателот Румен Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, од ВМРО-БНД се категорични и бараат да се гарантираат правата на македонските Бугари во Северна Македонија. ВМРО-БНД, исто така, инсистира да се признае заедничката историја меѓу двете земји до 1944 година, како и да се стави крај на јазикот на омразата.

Тие предлагаат и одржување референдум на оваа тема во Бугарија.

Лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, рече дека властите ги очекуваат многу посериозни протести доколку го сменат ставот на Бугарија, отколку што беа протестите против владата на Бојко Борисов во летото и есента 2020 година.

На протестот, освен Красимир Каракачанов, присуствуваше и европратеникот Ангел Џамбаски. Поради дождот во Софија протестот траеше кратко. Седницата на Советодавниот совет трае речиси четири часа.

sunwin apk sunwin club sunwin apk

sunwin

sunwin

sunwin

sunwin