НАМЕСТО ПОНУДЕНИТЕ 7, ОЈО БАРА 11 МИЛИОНИ ЕВРА ГАРАНЦИЈА ЗА МИЈАЛКОВ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР!

Обвинителството за борба против организиран криминал за ТВ24 потврди дека е дадено позитивно мислење за барањето на екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков да се брани од слобода со гаранција од 10,8 милиони евра. Обвинителството овој предлог ќе го адресира до Кривичниот суд кој треба да го даде последниот збор.

Од истражниот затворот „Скопје“ за ТВ24 велат дека до нив се уште не стасано одобрение за пуштање од притвор на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор.

Мијалков е во истражниот затвор „Скопје“ од 23. февруари кога по неколкудневно мистериозно исчезнување се појави пред Обвинителството да го подигне решението за притвор.

Претходно по информации на обвинителката Вилма Русковска за можно бегство на Мијалков, судот му определи домашен притвор, но полицијата не успеа да го најде на домашна адреса.

Додека е во притвор за Мијалков беа донесени две првостепени пресуди, 12-годишна затворска казна за случајот со нелегалното прислушување „Тврдина-Таргет“ и 8 години затвор за случајот „Трезор“ и нелегална набавка на софтвер за следење електронски комуникации.

Link with us
Game bài đổi thưởng