ОВА ЛИ Е НОВОТО ВМРО КОЕ ЌЕ МУ СЛУЖИ НА НАРОДОТ – НАМЕСТО СЕРВИС ЗА ГРАЃАНИТЕ, ОПШТИНА НОВАЦИ ПРЕТВОРЕНА ВО СПАЛНА СОБА НА ВМРОНСКИ КАДРИ

Најблискиот соработник на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски од редовите на ДПНЕ преспива на работно место. Граѓанин на Општина Новаци бил вџашен кога во една од канцелариите во зградата на Општина Новаци го затекнал Благој Петровски, службеник во општина Новаци како преспива на биро за време на работно време.

Граѓанинот и покрај што се обидел да разговара со Петровски, не успеал во намерата, затоа што службеникот бил во “длабок” сон. Дали граѓаните на Општина Новаци кои редовно си ги плаќаат давачките кон државата заслужуваат ваква општинска администрација? Дали градоначалникот Стевановски од општина Новаци за само неколку месеци “успеа” да направи башибозук, каде наместо ефикасна администрација поединци манифестираат неработење и самоволие под негова закрила? Ова ли е новото ДПНЕ?