НАРОДОТ ОВА НЕМА ДА МУ ГО ПРОСТИ: Мицкоски дома прави блокада на Собранието, а надвор предавство на државните интереси – ги поткопа државните позиции, усвоена Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија!

Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивно, антидржавно и антинародно однесување.

По налог на Мицкоски пратениците во Собранието блокираат се што е во интерес на граѓаните и државата.

Десетици важни закони се блокирани со месеци во Собранието заради личните интереси и хирови на Мицкоски.

И додека дома блокира и глуми патриот, Мицкоски надвор ги поткопува државните интереси и врши предавство.

Европската народна партија каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија.

Мицкоски кој беше дел од Конгресот каде се усвои Резолуцијата молчи и неодговора дали ја поддржал резолуцијата и кој бил неговиот став по однос на тоа прашање.

Со немањето став по резолуцијата, Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија, нанесувајќи штета на националните интереси.

Освен да блокира важни процеси, да носи штета врз државата и да брани криминал, Мицкоски нема никаква друга агенда, уште еднаш самиот се потврдува како најнеодговорен политичар.

Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија.

Клучен дел од Резолуцијата е тврдењето дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што „не беа постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

Ова е директна поткрепа на ставовите на Бугарија.

Лажниот патриот Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори зошто е тоа така? Дали и самиот Мицкоски гласаше за оваа Резолуција?

На овој начин Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија.

sunwin

sunwin

sunwin club

tải sunwin sunwin club sunwin apk

sunwin.apk mới nhất sunwin sunwin apk