Наскоро во печат првата збирка поезија за деца “Кратки поеми за најмладите боеми“ на д-р Александар Саша Трајковски

Во издание на првата независна издавачка куќа во Македонија “ЃУРЃА”, наскоро ќе излезе од печат првата збирка поезија за деца под наслов „Кратко поеми за најмладите боеми“ од д-р Александар Саша Трајковски, роден во Битола, која содржи околу стотина песни. Оваа книга ќе може да се најде и во книжарниците низ сите градови во државата.

Д-р Трајковски е роден во Битола на 28 март 1985 година. Со својата фамилија моментално живее во Скопје. Тој e дипломиран лекар, поет, преведувач и толкувач (член на ЗПРМ) и редовен член и дел од МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА.

Пројавува љубов кон пишаниот збор уште од најмладите години, а неговите творби се објавуваат во разни детски училишни списанија.

Во поезијата ги користи сите форми на римувани стихови. Инспирација му е – детската невина љубов, љубовта кон природата, кон семејството и кон Бога.

Од технички аспект авторот умешно ја користи римата, која е во служба на создавањето најсилни емоции, посебно кај најмладите читатели, кои пак се движечката сила во пренесувањето на неговите пораки од стиховите.

Со сигурност, вредна збирка поезија ни’ ветува авторот, идна училишна лектира, збирка од едноставни детски песмички , но со моќни пораки низ стиховите, преку кои ни ги соопштува сопствените длабоки согледувања и сознанија за детските проблеми и дава свои совети за најважните и најпотребните нивни потреби, а мотивот кој најмногу го третира е таа мистичност вечна на искреноста, кротката невиноста, наивност и во исто време љубопитност на детското срце.

game sunwin

sunwin sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk

sun win

sunwin

sun win