Наум Стоилковски прави голема штета на ВМРО ДПМНЕ, добронамерен совет до Мицковски да го смени

Пишува Саше Ивановски Политико

Наум Стоилковски е многу гоем фајтер за ВМРО, и тоа во приказнава е лошо.

За портпарол треба некој помек човек, по суптилен, особено кога сте во опозиција а сте партија која има многу гревови на своето конто.

ВМРО ДПМНЕ треба да емитира мир, каење, спокој, нормалност, визија, оптимизам, а не агресија, гнев, инатење, фајтерство за одржување на ликот и делото на Груевизмот и Груевистите….

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ треба да биде некој симпатичен, мек, паметен, полн со разбирање на гневот на дел од јавноста кон ВМРО ДПМНЕ, полн со разбирање кон недовербата која се уште кон партијата ја имаат многу новинари, експерти, граѓани…

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ треба да биде ОПОЗИТ од тоа што беше ВМРО ДПМНЕ кога беше на власт, значи демократ до коска, понизен пред новинарите, понизен пред критики, полн со разбирање за критиките, да објаснува да смирува да ветува нови времиња нови состојби нови филозофии и визии во ВМРО ДПМНЕ.

Наум Стоилковски не е кадарен не е дораснат за тој потфат кој се очекува од еден портпарол на ваквото ВМРО ДПМНЕ кое сака пак да биде на власт.

Добронамерен совет до Мицковски да го смени. Сакам да имаме силна опозиција за власта да биде уште подобра и да не се опушта. Вака со вакво однесување ВМРО му ја подарува власта на СДСМ на тацна и на Бихачка ќе се улегаат и ќе станат арогантни ако тоа продолжи така…

sun win

sunwin game sunwin sunwin apk

sunwin

sun win

sunwin sunwin tài xỉu sunwin web