НАУМОВСКИ: Со добро темпо се изведува доградбата на основното училиште „Тихомир Милошевски“

Очекувам порано од предвидениот рок, односно до крајот на годината во функција да бидат новите 500 квадрати, односно 6 училници, 2 канцеларии, санитарни чворови, лифт и чајна кујна.

Новите простории се надоврзани со веќе постоечкиот дел на училиштето, односно имаат топла врска. Се реконструира и постоечкиот систем за греење кој досега беше на дрва. По проект, предвидено е да биде на нафта.

По завршување на доградбата, наместо како досега во три, очекувам наставата да се одвива водве смени.

Паралелно, со иста динамика се доградува и училиштето „Димитар Поп Георгиев-Беровски“- подрачно со што значително ќе го растеретиме сегашниот просторен капацитет во оваа образовна институција.

Истовремено, решаваме и долгогодишен проблем кој ги засегаше родителите чии дечиња учат во училиштето во Хром.

Link with us
Game bài đổi thưởng