НЕ ЕДЕН ТУКУ ТРИ ЗЕМЈОТРЕСИ ЗДРМАА ВО ГРЦИЈА ВО БЛИЗИНА НА ПРЕМИНОТ МЕЏИТЛИЈА, БИТОЛЧАНИ И РЕСЕНЧАНИ ОД СТРАВ ИСТРЧАА НА УЛИЦА

Силен земјотрес во Грција на 4 километри од Лерин е регистриран вечерва во 22.53 часот по средно-европско време.

Според Европската сеизмичка лабораторија потресот имал силина од 5.5 степени.

Земјотресот се почувствува и во речиси цела Македонија. Најсилно во Ресен и во Битола.

Земјотресот беше почувствуван и во Скопје.

Се работи за серија од три земјотреси во Грција речиси на самата граница до граничниот премин Меџитлија. Првите два се случиле во текот на денешниот ден но со помала јачина.

Епицентарот на последниот најсилен земјотрес се проценува на длабочина од 10 километри под земја.

Засега нема подетални информации за штети и повредени.