НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН ПРЕДИЗВИКА МНОГУ ПРОБЛЕМИ ЗА ФИРМИТЕ НО И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

Нема сектор кај кој директно или индиректно се јавуваат негативни последици од неработењето во недела, велат од бизнис асоцијацииите. Се бара да се преиспитаат дејностите кои ќе работат во недела или да се остави самите тие да решаваат дали ќе работат или не во недела, со обврска дека ги подмират трошоците кон работниците кои ќе бидат ангажирани во неработниот ден.

Најголемата асоцијација на бизнисмени, Стопанската комора, веќе покрена иницијатива за оценка на уставноста на измените на Законот за работни односи и Законот за трговски друштва со кои се регулира недела како неработен ден за сите работници. Оттаму чекаат реакција од владата на барањето бизнисмените сами да одлучуваат дали ќе работат во недела пред да ја активираат, по запирањето.

Тие предлагаат во законот да остане дека работниците мора да добијат дневници и слободен ден ако работат во недела, а сите дејности да може со претходна пријава во инспекторатот и со плаќање на давачките кон државата да можат да организираат производство и трговија без ограничувања.

Поради недела неработен ден и празниците, градежништвото во јануари од 12 дена искористи само 4. Тоа е еден од проблемите , значи временските услови кои се главен фактор за работа во градежништвото во зимските месеци. Иста ќе биде состојбата и во февруари. Но уште полошо за градежништвото е тоа што работниците не можат да имаат дополнителна заработка која во градежништвото се плаќа според учинокот, а во недела се плаќа 50 отсто повисока дневница.

Тие е можно да заминат од земјава и да бараат каде да заработат повеќе. И трет проблем е тоа што градежните компании поради недела неработен ден имаат трошоци во организирањето на работа, посебно оние компании кои имаат работници од различни делови во земјата и треба да го организиараат нивниот превоз. Ако сакаат да им обезбедат недела да биде неработна, тогаш саботата и понеделникот се исто тaка неработни, бидејќи тие треба да патуват по неколку часа од и до работното место – вели Андреа Серафимовски од групацијата за градежништво на Стопанската комора.

Од Стопанската комора на северозападна Македонија, веќе најавија дека имаат први откази на работници поради неработна недела.

Претседателот на оваа комора Неби Хоџа, во изјава за телевизија 21 рече дека Комората со која тој раководи не била согласна со ова законско решение, а како резултат на примената на законските измени веќе се реализирани и првите отпуштања од работа.

Само една компанија која е членка кај нас, не сакам да ѝ го откријам името, отпушти од работа 150 работници поради неделата, бидејќи има голем број вработени. За еден работен ден кој нема да го работат, требало да ги отпушти од работа. Ова влијае негативно врз економијата – рече Хоџа.