НЕМА КРАЈ НА МАЈМУНАРИИТЕ НА ВМРОВЦИТЕ: Јанакиевски на нова финта – се заразил со корона па судењето за Космос одложено

Поранешниот министер Миле Јанакиески денеска не се појави на судењето за „ТНТ“, поточно за рушењето на „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски.

Неговите адвокати приложиле позитивен тест на Ковид-19, направен во приватната болница „Систина“. Доколку до крајот на месецот не се одржи рочиште за овој случај, ќе поминат 90 дена од рочиште до рочиште, поради што случајот би почнал од почеток.