НЕПИСМЕНИ ЛУЃЕ ПОЧНАА ДА ГЛУМАТ ДОКТОРИ, Д-р Лазаров предупредува: Физиолошки раствор е солена вода, а не магичен лек за ковид

Докторот Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил препорача заразените со Ковид 19 да не се потпираат само на лекување со инфузија во домашни услови.

„Исклучително ретко требаат инфузии кај ковид пациенти во домашни услови, особено во овој бран кога нема толку стомачни проблеми. Разберете дека се што е преку уста внесено е најсоодветно за организмот, физиолошки раствор е солена вода не магичен лек и не треба да се злоупотребува во комерцијални цели.

Кај оние пациенти кај кои треба секојдневна парентерална терапија треба да бидат во болница, со чесни исклучоци нормално.

Нашата улога во домашна посета кај ковид пациенти е со друга клучна функција, а тоа е тријажирање кој е за дома а кој за во болница, да се третираат соодветно тие што се за дома, да аплицираме ординирана терапија од други колеги кои го водат пациентот и сл“, напиша Лазаров.