НЕР АД Скопје и Булгартрансгаз може да градат втор интерконектор меѓу Струмица и Петрич

За можностите за продлабочување на соработката меѓу државните оператори за пренос на природен гас, како и за развојот на регионалниот пазар на природен гас разговарале вчера извршните директори на Национални енергетски ерсурси (НЕР) АД Скопје, Бајрам Реџепи и на Булгартрансгаз, Владимир Малинов на работната средба во Скопје.

Како што соопштија од НЕР АД Скопје, дел од идните предизвици помеѓу двата државни оператори се изградбата на втор интерконектор меѓу Струмица и Петрич, зголемување на сегашните погранични капацитети и партнерството во изградбата на LNG- терминалот во Александруполис.

„Во овие пријателски разговори заедничкиот заклучок е да изградиме што повеќе мостови за соработка и колку што е можно повеќе да ги минимизираме бариерите помеѓу нас“, велат од НЕР АД Скопје.

sunwin apk sunwin club sunwin apk

tải sunwin

game bài sunwin sunwin sunwin apk

sun win

sunwin