НЕШТО ЧУДНО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ ПОСЛЕДНАВА ГОДИНА ДВЕ, ВРИЕ ГРАДОТ ОД ЏИПОВИ И ЛИМУЗИНИ ОД НАД 50 000 ЕВРА, АЛАЛ ДА ИМ СЕ ПАРИТЕ И УСПЕХОТ, НО НЕ ЌЕ БИДЕ ЛОШО ГОДИШНО ДА ГИ ОДАНОЧИМЕ НА 1000 ЕВРА…

Пишува: Саше Ивановски Политико

Не знам дали сте примепиле драги читатели на Мактел, но Скопје а мислам дека тоа е исто и со другите подобро стоечки градови во земјава, мислам на Тетово, Струмица, Куманово, Кавдарци, Велес итн, просто врие од скапи џипови и лимузини. Значи С класи има безброј, џипови порше, лимузини порше, спортски поршеа, мустанзи, лимузини ауди и БМВ, џипови БМВ и Ауди, џипови Волво, Тојота, Мазда, Лексус, Мерцедес, сето тоа кошта од 50 000е па до 100 000е.

Значи да повторам, алал да им се парите, си ги заработиле луѓето со работа со талент со идеја со стрес со ризик со посветување на семеен бизнис или успешна кариера во адвокатура, во медицина, фармација, менаџмент, банкарство итн итн… Овие успешни луѓе ни требаат, тие вработуваат тие ја носат економијата на грб и го полнат буџетот…

Но кога гледаме дека буквално не знаат што да прават со парите и се натрпеваруваат кој ќе купи поскапа лимузина, јахта, број на станови итн итн, зошто да не донесеме закон овие успешни луѓе да ги оданочиме со по 1000е годишно, не повеќе, со тоа ќе добиеме неколку десетици милиони евра годишно што ќе оди строго за враќање на јавниот долг на земјата.

Овие 1000е по семејство овие луѓе нема ни да ги осетат во гарантирам, за нив тие пари се мачкина кашлица ај да не одам со онаа другата фраза со дим… За нив 1000е годишно се смешна сума, иако за нас обичните сиромаси тоа е сума од која боли глава. Тие одат на семејни одмори кои чинат од 10 000е па нагоре и тоа неколку пати во годината. Една гума со бандаж на џиповите толку им чини. Нема да ја осетат таа сума, но ние како држава во рок од 10 години ќе можеме да скинеме една милијарда од нашиот долг, и тоа ич не е за потценување, па здравје боже потоа со други извори и напор ќе намалиме и останатото па ќе дојдеме пак на разумните под 50% јавен долг…

Ако не го направиме тоа, ќе и наштетиме на земјата, сепак теретот треба да го понесат оние кои стварно не знаат што да прават со парите кои ги заработиле чесно законски ферски, но не е ферски да се луксузираат и еднакво да го носиме теретот и тие и ние кои секој денар го мериме и пазиме во Кам или Стокомак да не ги погрешиме макароните кои се 2 денара поефтини…

п.с Често разговараме со блиските кој е тој што е спремен да даде 50-100 илјади евра за кола, и заклучокот е дека тоа се луѓе кои се милионери и за нив 100 илјади евра се како за нас 5000е, значи ние тежиме ако имаме по еден стан значи тежиме околу 50 000е имот, они имаат 20 пати повеќе значи имаат капитал од 1 милион евра па нагоре и затоа можат со ладна глава да се бркнат во џебот и да дадат толку пари за кола, тоа за нас обичните луѓе е нешто незамисливо, научна фантастика…

Link with us
Game bài đổi thưởng