Проект Среќа
И официјално заврши годинешниот традиционален проект ,,Среќна Школска Година,, 2022! Вашите донации секојдневно пристигнуваа на сите можни начини, а ние се трудевме да стигнат на вистинското место, онаму каде е најпотребно! Секоја година има се поголем одзив од семејства на кои им е потребна помош, па иако поделивме скоро 500 комплетни прибори, останаа и некои за кои неможевме да обезбедиме. И вистински ни е жал за тоа. Некои за жал се пријавија прекасно а за некои едноставно не остана. Сепак и оваа година успеавме да создадеме Среќна Школска Година за стотици деца!
Без Вас и Вашата помош и големи срца тоа немашр да биде возможно и затоа од срце ви благодариме на сите кои се вклучивте! Само заедно сплотени можеме да направиме големи промени! Праќавме во училишта, органиции а најмногу по села и рурални средини каде најретко и најтешко стигнува помош.
Нека им е со среќа на сите дечиња!!!
#среќнашколскагодина #среќнашколскагодина2022
Иако малку компании се приклучуваат со донации во училишна опрема, првите кои донесоа голема донација во училишен прибор се Сава Осигурување и Сава пензиско друштво а.д. Скопје! Ви благодариме од срце на големата донација која ќе направи среќни многу многу деца! Нека бидат пример за останатите компании!
#среќнашколскагодина #среќнашколскагодина2022
Вчера не посетија вработени од компанијата Nelt Group и донесоа вредна донација во училишна опрема. Најголем дел од оваа донација е наменета за Поу Иднина Скопје , за децата ученици со посебни потреби. Затоа што секое дете е еднакво важно за нас! Благодариме на вашата донација од ❤️! #среќнашколскагодина #среќнашколскагодина2022
Денес нашите пријатели Maliqi Group организираа прекрасен настан во паркот Кино Карпош каде на 25 дечиња од Проект Среќа им посакаа среќен почеток на училишната година и им подарија ранчиња со училишна опрема за секое дете! Малку пикник, малку фудбал и забава, и подароци, па има ли поубаво нешто за децата да бидат среќни! Ви благодариме! Со овој настан и официјално го затвараме проектот #среќнашколскагодина #среќнашколскагодина2022 за оваа година!
Огромна благодарност за компанијата со големо срце која трета година по ред ги доставува сите донации онаму каде треба да пристигнат! Карго Експрес благодариме за вашата професионалност и големи срца!!!
Од IDEA LAB ни пристигна донација од 20 ранци со прибори, кои веднаш ги пративме за Битола, за децата во ОУ на кои вистински им треба, пријавени од наставничката. Ви благодариме пријатели! ❤️ #среќнашколскагодина #среќнашколскагодина2022
Вработените од компанијата ЛДСК на сопствена иницијатива спремаа комплетни прибори и ги доставија директно до семејствата! Ви благодариме од ❤️! #среќнашколскагодина #среќнашколскагодина2022
Донација за децата на кои најмногу им треба пристигна и од компанијата Grafoteks / Графотекс! За среќа на децата! Оваа година очекувавме мал број компании да донираат, а на крај излезе дека оваа година имаме најмногу компании кои се приклучија! И нема поубаво од тоа! Затоа стотици деца годинава ќе имаат вистински среќен прв училишен ден! ❤️ #среќнашколскагодина #среќнашколскагодина2022
Компанијата Majorel Macedonia се наши нови пријатели и пријатели на децата! Прекрасна голема и вредна донација која ќе донесе среќа во многу домови и кај многу деца! Благодариме од ❤️! #среќнашколскагодина #среќнашколскагодина2022
Нашите редовни поддржувачи, Nextsense и оваа година не ги заборавија децата! Ви благодариме од срце! Прекрасни сте! #среќнашколскагодина #среќнашколскагодина2022
Благодариме Literatura.mk Ars Lamina за вашата донација која сигурно ќе им користи на децата!
Прекрасна донација со внимателно одбрани ранци за радост на многу деца! Благодариме Mediagenix! #среќнашколскагодина #среќнашколскагодина2022