СКОПЈАНИ ЌЕ ОСТАНАТ И БЕЗ МЕТРО И БЕЗ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ И БЕЗ НОВИ ЕКО ЕВТОБУСИ – БЕСРАМНАТА ДАНЕЛА ГИ НАСАМАРИ НАИВНИТЕ СКОПЈАНИ: Годинава нема ни постапка за купување на 250 еко-автобуси кои ги вети Арсовска

Годинава нема да почне ниту постапката за набавка на 250 еколошки автобуси, кои во изборната кампања ги вети градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Во буџетот за 2022 година не се предвидени пари за оваа намена, а Градот не може ниту да земе кредит бидејќи веќе е задожен, објави СДК.МК.

Постапката за набавка на нови автобуси трае најмалку година и половина, со оглед на тоа дека прво се распишува тендер за избор на најповолен понувач која трае неколку месеци, а потоа до една година е рокот за испораката на возилата. Како за пример, рокот за испорака на 33-те автобуси од германскиот производител МАН беше 10 месеци. Постапката почна во јануари 2019 кога беше потпишан договорот за заем од ЕБОР, потоа неколку месеци траеше меѓународниот тендер за избор на фирма, по што во мај 2020 стигнаа првите нови возила за јавниот превоз.

Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска велат дела годинава не можат да се купат автобусите, оти Градот го наследиле со многу долгови.

-Набавката на 250 еколошки автобуси е дел од четиригодишната програма на Град Скопје. Од буџетот во 2022 голем дел од финансиските средства наменети се за плаќање на милионските долговите наследени од претходното раководство на Градот, како и на повеќегодишни договори кои претходното раководство ги случило надвор од својот мандат. Овие долгови мора да се исплаќаат со средствата кои Град Скопје ги има на располагање од буџетот од оваа и следните години, велат од кабинетот на Арсовска.

Оттаму не одговориле на прашањето на СДК.МК, од каде ќе се најдат пари за купување на ветените автобуси за кои треба околу 75 милиони евра, со оглед дека Градот кредитно не може да се задолжи.

sun win

game bài sunwin sunwin tài xỉu sunwin

tải sunwin apk game bài sunwin tải sunwin apk

sun win

game bài sunwin tải sunwin tải sunwin apk