Николовски: Имавме 17.000 проекти – по конгресот ќе видиме колку градоначалниците реализирале и така ќе ги селектираме за уште еден мандат

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Со Николовски дебатираме на различни теми, а неизбежна тема се и престојните локални избори.

Николовски истакна дека кандидатите за градоначалници ќе бидат одбрани по реализирање на ветувањата дадени на минатите локални избори.

„СДСМ е фаворит на локалните избори кои следат, воведовме Мерит систем преку кој ја следиме работата на градоначалниците, ја мотивираме, бараме почитување, бараме почитување кодекс на однесување, и на ниво на влада секогаш кога кодексот е прекршен, реагираме. Без оглед на кого станува збор. Така и во рамки на партијата го градиме тој систем, го мериме учинокот на градоначалниците, реализирање на ветувањеата. 17 илјади проекти имавме ветено на претходните избори, така да после конгресот ќе биде отворена постапката и тука ќе се исфилстрираат најдобрите кандидати за градоначалници.

Ќе имаме анкети за секоја општина, но системот дигитален има можност да го анкетираме целокупното членство да каже кој е најдобриот кандидат во секоја општина. И верувам дека ова со отворени листа ќе успее, навистина да ги одбереме најдобрите луѓе. Не да задоволиме лични апетити, сега ќе поставиме високи критериуми за да може да се најдете на листа на кандидат за советник. Целосно сме отворени за разговор за било кого, и тоа е рецептот на успешноста“, рече Николовски.

Link with us
Game bài đổi thưởng