Николовски на средби со директорите на АХВ и на Платежната агенција, Бабовски и Бачовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска се сретна со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски и со директорот на Платежната агенција Никица Бачовски. На средбата со Бабовски, Николовски се информирал за актуелната состојба со африканската чума кај свињите, како и за преземените и идните мерки што треба да се преземат за заштита на животните и справување со болеста. Со Бачовски, пак, разговарал за исплатата на субвенциите. -Со директорот Бабовски разговаравме и за нови мерки за дополнително субвенционирање на земјоделските стопанства кои применуваат повисока категорија на безбедно производство.

Со АХВ постигнавме големи успеси во периодот 2017-2019: се изработија законите за нус-производи од животинско потекло, за идентификација и регистрација на животни, за заштита и благосостојба на животните, за донирање на вишокот на храна, се воведоа нови програми за високо ниво на безбедност на храната, за здравствена заштита и благосостојба на животните, а Европската комисија ја рангираше АХВ за најдобра институција во регионот во областа на безбедноста на храната и ветеринарството.

Безбeдноста на храната и благосoстојбата на животните останува наш приоритет, напиша Николовски на својот фејсбук профил. Во однос на средбата со Бачовски, министерот потенцира дека продолжува навремената и неселективна исплата на субвенциите, тогаш кога им се најпотребни на земјоделците. -Во периодот 2017-2019 исплативме 305 милиони евра за заостанати и редовни субвенции, и финансиската поддршка продолжува.

Воведовме нови мерки: за зелена нафта, нов модел за повисоки субвенции за тутун по класи, грантови од 20.000 евра за млади земјоделци, грантови од 3.000 евра за жени земјоделки, 20 отсто повисоки субвенции за развојните мерки, а почнаа и крупни капитални инвестиции во водостопанството. Северна Македонија стана лидер во искористеност на ИПАРД, земјата се врати кај вистинските земјоделци. Успесите што ги постигнавме продолжуваат, наведува Николовски. Тој вчера ја презема функцијата министер за земјоделство од неговиот заменик Трајан Димковски.

sunwin

sun win

game bài sunwin tải sunwin sunwin tài xỉu

sunwin apk sunwin.apk mới nhất tải sunwin

sun win