🌎На 14-тото издание на Tera Madre Salon del Gusto, што се одржува во Торино, Италија од 22 – 26 септември 2022, како најголем меѓународен настан на Slow Food International со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство пред посетителите од целиот свет, ќе бидат презентирани македонските традиционални производи со препознатлив вкус и квалитет.
🇲🇰Македонското јагне, овчо сирење, ајвар, мед, вино и други пијалоци се само дел од асортиманот кој ќе се најде на македонскиот штанд. Со богата програма на активности што предвидува презентација и дегустација на македонската храна и пијалоци, панел дискусии, предавања и работилници, Slow Food Macedonia ќе ги претстави нашите автентични производи, македонската култура и традиција а пред се, нашата гостопримливост.