Николовски: Во вторник јавноста ќе биде информирана за истрагата за увозот на нафтените деривати

Во текот на утрешниот ден ќе се анализираат сите информации во врска со истрагата за увозот на течни горива, а наредниот ден ќе излеземе со информација за јавноста, соопшти денеска на прес-конференција во Владата, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.

-Се прави детална анализа за активностите за да се има целосен увид и достапни информации. На владина седница се донесоа насоки кои беа дадени на институции, а пред некој ден имаше вонредна владина седница на која се побараа дополнителни информации. Утре ќе има координативен состанок со министерот за економија и државните институции, во вторник ќе се излезе со повеќе информации, истакна Николовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според вицепремиерот, контроли се направени кај сите фирми кои увезуваат мазут и најави дека секаде каде што има прекршок ќе има одговорност.

Николовски информираше дека Владата веднаш интервенирала по информациите за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, кои при увоз влегувале како мазут и се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во приватни компании.

Link with us
Game bài đổi thưởng