НИТУ МИЛИОНИТЕ ВЕЌЕ НЕ ПОМАГААТ – Орце Камчев нудел 1,7 милиони евра кауција, но Апелација одби да го пушти од притвор

Апелацискиот суд ги одбил жалбите на одбраната на осомничениот бизнисмен Орце Камчев кој понудил 1,7 милиони евра да излезе од притвор.

Одлуката е донесена вчера и за осомничениот во Империја и Плацевите на Водно продолжува вториот месец од притворот во Шутка. Од Апелациониот суд за Телма потврдиле дека одлуката е донесена и испратена во надлежниот скопски кривичен суд, каде ќе биде отворена и заведена после празниците.

Камчев беше уапсен на 13-ти март поради сомнеж за бегство утврдени со службена белешка на АНБ со информации за средби со бугарски државјани. Адвокатите ја оспоруваа белешката и тврдеа дека тајната полиција го следела Камчев противзаконски и никогаш немал намера да бега, но од Агенцијата одговорија дека законски морале да го информираат обвинителството кога откриле информации за подготовка на бегство. Камчев е осомничен за случајот Плацеви на Водно, за имот кој е поврзан и со екс премиерот Груевски, додека се уште се врши вештачење во поголемиот предмет Империја.

Link with us
Game bài đổi thưởng