НОБ ДОБИ ИНСТРУМЕНТИ, СТОЛИЦИ, ПУЛТОВИ И СЦЕНСКА ОПРЕМА СО ЈАПОНСКА ДОНАЦИЈА ОД 663 ИЛЈАДИ ЕВРА

Проектот за инструментите и опремата во целост е финансиран од Владата на Јапонија. (Фото: К. Попов)

Седумдесет пултови, 60 столици за музичарите, инструменти, аудиоопрема и опрема за осветлување за Националната опера и балет (НОБ) се купени со јапонската донација од 663 илјади евра.

Станува збор за реализација на проект од јапонската програма за развој на културата од 79.800 јапонски јени што во целост беше финансиран од Владата на Јапонија. Проектот беше најавен во декември 2019, а денес го претставија директорот на НОБ Васо Ристов, министерката за култура Ирена Стефоска, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, јапонскиот амбасадор Савада Хинорори и Такеичи Џиро од Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА).

Координацијата и испораката на оваа донација „Проект за подобрување на музичките инструменти, опрема за осветлување и озвучување за Национална опера и балет” како странска помош беше спроведена преку Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Амбасадата на Јапонија, Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА) и Министерството за култура.

Јапонскиот амбасадор потсети дека од 2001 година навака, ова е втор грант што Јапонија го доделува на Северна Македонија во полето на културата, имплементиран од ЏАЈКА, по тој за Филхармонијата.

„Освен за подобар перформанс на Националната опера и балет, би сакал оваа културна размена да придонесе и за размена на уметници“, рече амбасадорот, а директорот Ристов најави дека НОБ ќе ја почне сезоната со новата опрема.

Опишувајќи ја донацијата со три зборови: мотив, квалитет, аплауз, министерката Стефоска рече дека оваа донација ќе ги мотивира уметниците за поголема креативност на сцената и страст во музицирањето што на крајот ќе биде врвно уживање за публиката.

tải sunwin

sunwin

sun win

sunwin

sunwin