Нова група Авганистанци попладнево треба да пристигнат во Скопје

Нова група граѓани од Авганистан се очекува попладнево да пристигнат во земјата. Според информациите од Владата, тие ќе пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје после 16 часот.

Ова ќе биде втора група Авганистанци кои ќе пристигнат во Северна Македонија откако во нивната земја власта ја презедоа талибанците. Во првата група имаше 149 лица, меѓу кои и жени и деца. Тие пристигнаа на 31 август и во најголем дел станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.