По добивањето на функцијата градоначалник, Митко Јанчев во кругот на својата компанија Кожувчанка, на катастарската парцела 10128/2 прави промена на намената на земјиштето во Е 17, за изградба на бензински станици.
По пренамената на парцелата, која е во сопственост на неговата компанија Кожувчанка, Митко Јанчев започнува со изградба на бензинската пумпа, која денес е во завршна фаза.
Целиот процес финишира со сечење на дрвјата кои се наоѓаат пред новата бензинска станица, за која потребни се посебни дозволи и процедури за сечење на дрвја, кои се исто така надлежност на општината.
Сето ова се прави во период кога кавадарчани берат грозје и пред манифестацијата Тиквешки гроздобер се со цел истото да помине незабележително од јавноста.
Со ова Митко Јанчев, коментира јавноста, покажува како се штити и работи за личниот бизнис интерес, наместо за интересот на граѓаните.
Од друга страна, за пофалба е што во време на криза Јанчев инвестира во општината, со ова се отвораат нови работни места и ќе се внесат милиони евра во економијата, таа бензиска ќе треба некој да ја изгради што значи ќе се поделат плати за мајстори и за материјали а потоа ќе се делат плати за 10 семејства во општината а државата ќе наплати и даноци.