Нова водоводна линија на ул. Алексo Демниевски во општина Ѓорче Петров

✅ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците.

?Инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализационата мрежа продолжува со изведба на нова водоводна линија на ул. Алексo Демниевски, во должина од 1500 метри.

„Новата водоводна линија во должина од 1500 метри со полиетиленски цевки со дијаметар од 90мм која се поставува на ул. Алексо Демниевски и краците на самата улица оформува кружен тек со што се подобрува водоснабдувањето за корисниците во тој дел од градот Скопје“ – истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Link with us
Game bài đổi thưởng