НОВИНА ВО ЕКСПОЗИТУРАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ ВО ГТЦ СКОПЈЕ: 24/7 ќе може да повлечете или внесете пари на сметка, да купите девизи, да платите сметки на ЕВН, БЕГ, А1, ТЕЛЕКОМ, ТЕЛЕКАБЕЛ

Започна со работа модернизираната и дигитализирана експозитура на Комерцијална банка во ГТЦ, во која клиентите на брз и ефикасен начин ќе можат да ги извршуваат своите банкарски трансакции. Експозитурата ГТЦ во центарот на Скопје повторно ги отвори вратите за граѓаните, нудејќи им шалтерски услуги, но и дигитални банкарски трансакции 24 часа во денот.

Дигиталниот дел е опремен со три банкомати, како и најнови дигитални киосци за безготовинско плаќање. Во овој дел може да се подигнува или да се внесува готовина, да се врши откуп на евра, да се плаќаат сметки за јавни услуги (ЕВН, БЕГ, А1, Телеком и Телекабел), без провизија и со картичка од која било банка, како и да се испечати извод од трансакциска сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички, а услугите ќе можат да ги користат како нашите, така и клиентите на другите домашни или странски банки.

За шалтерско работење експозитурата е отворена од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот, а ги обезбедува следниве услуги: отворање трансакциска сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. На клиентите им се достапни и богатата понуда на кредитни производи и штедни влогови, можноста за купување удели во инвестициски фондови и осигурителни полиси и стручни совети и обука при користење на електронска банка и мобилно банкарство за физички и правни лица.

Новата експозитура на Комерцијална банка не само што им ги обезбедува на клиентите предностите на дигиталните финансиски услуги, туку и заштита на нивното здравје од вирусот Ковид-19.

Link with us
Game bài đổi thưởng