НОВИНАРИТЕ НА ИРЛ НАПРАВИЈА ПОТРЕС ВО БИЗНИСОТ СО ГОРИВА – Забрана за работа за „Евротим“, одлучи Пазарниот инспекторат по дополнителните анализи на мазутот

Уште при првичните контроли на компанијата „Евротим“ од Кичево, Пазарниот инспекторат изрече решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што во две цистерни на компанијата беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ѝ изрече забрана за работа на кичевската компанија „Евротим“ откако утврди отстапки во квалитетот на мазутот по дополнителните анализи од земените мостри од складот за мазут на оваа компанија кој се наоѓа во Ресен.

„Државниот пазарен инспекторат ги доби резултатите од земените дополнителни мостри од складот за мазут во Ресен во сопственост на компанијата ‘Евротим ГДС’ ДООЕЛ Кичево. Според анализите, констатирано е дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430. Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут кој е затекнат во складот на економскиот оператор ‘Евротим’ ДООЕЛ Кичево – информираат од Државниот пазарен инспекторат.

Уште при првичните контроли на компанијата „Евротим“ од Кичево, Пазарниот инспекторат изрече решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што во две цистерни на компанијата беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот, кој оваа компанија го увезува. Односно, параметрите за квалитет на мазут не одговараа согласно Правилникот за квалитет на течни горива. По задолжение од ДПИ, тогаш двете цистерни од кои се земаа мострите, беа вратени кај добавувачот, по што следуваа последните дополнителните анализи.

„По зададените владини задолженија, сите надлежни институции навреме, во рамки на дадените рокови, доставија информации, секој во согласност на надлежностите. Целата документација, со сите наоди од надлежните институции, веќе се доставени во Основното јавно обвинителство Скопје, за понатамошно процесирање и постапување согласно нивните надлежности – велат од Пазарниот инспекторат.

Link with us
Game bài đổi thưởng