Новиот облик за интеграција во ЕУ добива широка поддршка

Белгискиот премиер Александер Де Кро од Берлин вчера коментираше за идеите кои се шират во ЕУ за нов концепт на интеграцијата на третите земји во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

После европратеникот од партијата на Емануел Макрон, Бернард Гета, самиот Макрон и поранешниот италијански премиер Енрико Лета, вчера на тема проширување и интеграција се огласи и белгискиот премиер Александер Де Кро.

Во говор одржан во Берлин, Де Кро рече дека политиката на проширување стана „доста токсична, употребена и злоупотребена од анти-Европејците“ наспроти целта која е обединување на континентот.

Војната во Украина и нејзината апликација за членство го врати во прв план проширувањето на ЕУ, заглавено со децении поради отсуство на значајни реформи внатре во ЕУ.

Но, идеите што циркулираат не предвидуваат брзо полноправно членство за Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, туку нов концепт на ширење на Европа. За Макрон треба Европска политичка заедница, за Лета Европска конфедерација, но во секој случај таа „нова Европа“ би била со повеќе брзини. На сличен став е и Александер Де Кро.

Според него ЕУ треба да ѝ понуди на Украина приближување со учество во демократскиот систем и внатрешниот пазар, и да ѝ се овозможи да учествува во некои од институциите на ЕУ. Тој додаде дека ова обединување се однесува и на Грузија, Молдавија и на Западен Балкан, и дека таа интеграција претставува „геополитички императив.“

– За некои од нив крајната цел ќе биде полноправно членство, но тоа нема да се случи преку ноќ, до нас е да ги создадеме потребните услови за овие земји да бидат дел од политичка единица на демократии отворени и слободни – изјави Де Кро.

Темата несомнено ќе се најде на маса на лидерите на ЕУ на следниот вонреден самит на 30 и 31 мај во Брисел. Меѓу земјите членки на ЕУ, источноевропските сметаат дека треба поголема и побрза интеграција на кандидатите и потенцијалните кандидати, додека постарите земји членки како Италија, Франција, Белгија и Германија, бараат алтернативни решенија за да можат кандидатите да ги постигнат стандардите на ЕУ.

Де Кро утре ќе се сретне и со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Брисел.

sun win

game sunwin sunwin tải sunwin

sunwin web game bài sunwin sunwin web

sun win

sun win