НУКЛЕАРНА БОМБА НА ЗАЕВ: Во време на корона-криза имаме 12 странски инвестиции, следните недели се очекување затворање на најголемиот договор во историјата на С. Македонија

Премиерот Зоран Заев во своето второ обраќање на Виенскиот економски форум посветен на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, соопшти дека во годината во која се соочуваме со корона-кризата, нашата земја има 12 директни странски инвестиции, кои се во фаза на реализација.

„Во моментов имаме 34 капацитети, во сопственост на странски инвеститори од САД, Канада, Кина, Германија, Турција и тие приближно остваруваат приближно 3,4 милиони евра во извоз во 2020, што е еднакво на 47 проценти од вкупниот извоз на С. Македонија“, потенцира премиерот.

Според него, нашата држава е попримамлива за странските инвеститори и општо за сите.

„Овој пристап вклучува и едношалтерски систем, со што ние ја следиме меѓународната пракса, за да се осигураме дека инвеститорите ќе имаат корист. Позитивниот тренд продолжува и во април. Во првите пет месеци од оваа година потпишавме 5 нови договори, за тековни нови инвеститори и вредноста надминува 65 милиони евра во инвестициски обем, а во следните неколку недели очекуваме затворање на најголемиот договор за странски инвестици во историјата на С. Македонија, со вредност поголема од 100 милиони евра“, истакна Заев.

Link with us
Game bài đổi thưởng