НУКЛЕАРНА БОМБА ОДЕКНА ДЕНЕСКА – Обелоденета белешката на АНБ со која е притворен Орце Камчев: Се сретнал со Наташа Савова во хотел во Берово со бугарски таен агент, се разговарало за бегство на Камчев и негов престој во обезбеден стан во Софија!

Денеска на Фејбук (на профилот на Зоран Буревесник Божиновски) е објавена белешката на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Информацијата со архивски број 02-545/1 од 14.03.2021 година и со назнаката „строго доверливо“, потпишана од директорот на АНБ Виктор Димовски.

Во информацијата на АНБ, се спомнува средба на Камчев и на неговата пријателка Наташа Савова со „припадник на странска служба за безбедност“, во периодот од 12 до 14 февруари годинава, во хотелски комплекс во Берово. Не е наведено за која странска служба станува збор. Го нема името на припадникот на таа служба. Не се кажува колку траела, дали имало сведоци и слично.

Во белешката се вели дека на средбата се разговарало за реализација на бегството на Камчев во Бугарија, „каде што бил подготвен стан за неговиот престој“. Во белешката се вели дека со Камчев ќе бегала и Савова па заедно ќе живееле во Бугарија во станот кој се споменува.

Браво за будноста на АНБ и брзата реакција на ОЈО и кривичен суд кои спасија можно бегство на милионерот кој поседува бизниси во Бугарија и таму веќе еднаш избега во 2006-та кога исто така имаше обвинение против него за даночно затајување.

Link with us
Game bài đổi thưởng