Мактел.мк и уредникот Саше Ивановски му се извинуваат на г-дин Стеван Кирков поради оваа погрешно пренесена информација.
Што се однесува до личните податоци, го затемнивме датумот на раѓање а бидејќи немаше адреса и број на стан немаше што да затемниме, ако имаше наведено адреса а живеење и таа ќе ја затемневме за да ги заштитиме личните податоци на господинот Кирков. Во таа насока не ни е јасно како е оштетен по основ на објава на лични податоци, освен името и презимето и тоа дека живее во Карпош таму нема никаков друг личен податок за господинот Кирков освен број на пресуда и датум на пресуфа кои се јавни информации за личе кое се бави со политика.
Лични податоци се број на лична карта, матичен број, адреса на живеење, датум на раѓање и слично, овде нема ништо објавено од тие податоци и не ни е јасно за што се жали господинот Кирков.