Обвинителката Фетаи лесно повредена во сообраќајка

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи доцна ноќеска доживеала сообраќајна незгода, a информацијата за „Фокус“ ја потврдија од МВР.

-На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.
Според неофицијалниоте информации судирот не бил силен, направена е материјална штета и возачите се здобиле со лесни повреди.

Обвинителката Фетаи била пренесена во болница но бидејќи нејзината состојба не била сериозна пуштена е на домашно лекување.

Link with us
  • go88 pc go88
  • sunwin sun win 789 thống kê sunwin
  • go88 lua dao tải go88 không vào được go88
Game bài đổi thưởng